Прикривањето на коруптивните скандали, енормното богатење во овие изминати 30 години на многумина политички фигури, но и фигури кои се во сивата зона помеѓу политиката и бизнисот секако во спрега со вертикалната линија на употреба на државните институции доведе до тоа степенот на доверба кај граѓаните во правда и правосудниот систем да биде на најниско можно ниво“, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска на денешната собраниска Комисија за политички систем и односи помеѓу заедниците.
Истакна дека дава иницијатива за во наредниот период да се увиди со какви мали законски интервенции може да се направи работа на ДКСК поефикасна и уште понезависна.
„Ние како територија сме мала земја, како народ сме поврзани на различни начини и секој за секого има претстава од каде тргнал, а каде стасал. Исто така нешто што лично како граѓанка ме погодува е безобразието на оние кои ја злоупотребуваат политичката моќ, тоа е во делот на она што се нарекува политичка култура. Стана срамота да сте чесен, стана голема привилегија да сте моќен и да ги користите формално или неформално спрегите на моќ“, посочи Василевска.