Ватикан разреши свештеник кој е против абортусот и е поддржувач на Трамп

Американскиот католички свештеник, отец Френк Павоне, лидер на американското движење против абортусот и силен поддржувач на поранешниот претседател Доналд Трамп, е разрешен од функцијата поради „бласфемични објави“ на социјалните мрежи и непослушност, јавуваат британските медиуми.

Во писмото испратено до американските бискупи од претставникот на Светата столица во Вашингтон, се наведува дека Ватикан го разрешил Павоне во ноември, а во него било наведено, меѓудругото, дека Павоне нема право на жалба на одлуката за резрешување.

Во писмото се наведува дека Павоне бил отстранет поради „бласфемичната комуникација на социјалните мрежи“ и неговата упорна непослушност кон упатствата и наредбите на верските старешини.

За време на претседателската кампања во 2016 година, Павоне објави видео од абортиран фетус на олтар и ги повика католиците да не гласаат за демократската кандидатка Хилари Клинтон, која подоцна загуби од Трамп.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.