четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ватикан револтиран од постапките на посетителите: „Не правете селфи со мртвиот папа Франциск“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Повеќе од сто илјади луѓе пристигнаа во Ватикан од средата за да го погледнат отворениот ковчег на починатиот папа, но многу од нив ја користат можноста да се фотографираат.Некои дури и прават селфи покрај отворениот ковчег. Како одговор, Ватикан ги повика посетителите да се воздржат од такво однесување и да ја зголемат безбедноста.„Ги повикуваме посетителите да не се фотографираат“, изјави портпаролот на Ватикан за Тајмс. ,,Луѓето чекаат во редици со часови, се молат, оддаваат почит, но фотографирањето не е дел од тоа“, додал извор од местото на настанот.Револтирани се и некои посетители.“Видов неколку од нив сè уште се фотографираат, иако властите на Ватикан ги предупредија дека фотографирањето внатре е забрането. Се правеа дека не слушаат. А тоа е нешто што е разбирливо на секој јазик”, рекол еден од револтираните посетители.Ковчегот со посмртните останки на папата Франциско во среда наутро беше преместен од Домот на Света Марта во базиликата Свети Петар во Ватикан, каде јавноста ќе се збогува со него до петок.Италијанските власти најавија дека во петок во 17 часот ќе го затворат пристапот до обележаниот простор. Во 20:00 часот ќе се одржи церемонија на затворање на ковчегот.

Поврзани вести