Вашето ментално здравје може да му штети на вашиот крвен притисок

Веројатно веќе знаете дека болестите на срцето се едни од најголемите убијци. Па, би требало сериозно да го сфатите вашиот крвен притисок. Познато е дека здравата исхрана и физичката активност се клучни за здраво срце. Но, изгледа дека голема улога има и нашето менталното здравје.
Вашето ментално здравје може да му штети на вашиот крвен притисок
Депресијата и анксиозноста можат да предизвикаат висок крвен притисок
Ако некогаш сте биле во навистина жестока расправија што ви го покачила крвниот притисок, тогаш знаете колкаво влијание има менталното здравје на вашето срце. Неколку истражувања забележале дека долгата депресија или анксиозност можат да предизвикаат хипертензија.
Оригиналното истражување било спроведено од страна на Центарот за контрола на болести во 1970-тите. Во него учествувале 3.000 возрасни луѓе со нормален крвен притисок. Се покажало дека оние кои имале сериозна депресија или анксиозност на почетокот на истражувањето имале поголеми шанси да се соочат со висок крвен притисок подоцна во животот.


По ова оригинално истражување биле изведувани и други кои дале слични резултати. Една болница од Њујорк открила дека оние кои поминале низ психолошка траума имале поголем ризик да развијат хроничен висок крвен притисок, но и други симптоми како болка во градите, плитко дишење и гадење.
Какво влијание има стресот на вашето срце?
Дури и ако не сте дијагностицирани со ментално нарушување, предолгата изложеност на стрес е лоша за вашето срце и за вашиот крвен притисок. Кога сте во стресна ситуација хормоните го преплавуваат вашето тело и ви го забрзуваат чукањето на срцето. Иако нема конкретни докази кои покажуваат дека хроничниот стрес ве прави склони на хипертензија, стресот може да предизвика нездраво однесување што потоа може да предизвика штета.
Кога сте под стрес поголема е веројатноста да се свртите кон алкохол или претерано забавување. Ова може да има влијание на вашите навики за јадење и спиење. Ако јадете мрсна храна и живеете нездрав живот, тоа има директно влијание на вашето срце.


Чекори што треба да ги преземете
Намалувањето на стресот и подобрувањето на квалитетот на вашиот живот може да има директно влијание на здравјето на вашето срце.
Вежбајте секојдневно. Вежбањето не само што влијае на крвниот притисок, туку го намалува стресот и го подобрува менталното здравје. Ако сте почетници, можете да одвоите 30 минути дневно за пешачење, истегнување или јога. На почетокот не изгледа како многу, но има траен ефект.
Одвојте 15 минути за дишење. Кога вашиот распоред е преполн, последното нешто за коешто имате време е медитација. Но само 15 минути длабоко дишење ќе ви помогнат да го одморите вашиот ум и да се подготвите за остатокот од денот. Ќе се чувствувате поопуштено по кратката медитација, а вашето срце ќе ви биде благодарно
Однапред планирајте го распоредот. Лошата организација предизвикува стрес и ги влошува менталните нарушувања доколку ги имате. Набавете планер и однапред испланирајте го вашиот ден. На овој начин точно ќе знаете што треба да направите и по кој редослед. Оставете ја втората половина од денот за релаксирање и секогаш одвојувајте по 8 часа за спиење.
Посетете терапевт или психијатар. Ако не можете да се справите со траума, тага или анксиозност, не плашете се да побарате професионална помош. Терапевтот ќе ви помогне да разговарате за проблемите, а доколку има потреба од лекови, психијатарот ќе ви помогне и во тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.