Вашето место е во европското семејство

„Надоврзувајќи се на препораките на Комисијата од 12 март 2024 година, Европскиот совет одлучи да ги отвори пристапните преговори со Босна и Херцеговина. Европскиот совет ја повикува Комисијата да подготви преговарачка рамка со цел да ја усвои во моментот кога се преземени сите релевантни чекори споменати во препораката на Комисијата од 12 октомври 2022 година“, се вели во заклучоците од Европскиот совет

Европскиот совет одлучи да ги отвори пристапните преговори со Босна и Херцеговина. Вашето место е во нашето европско семејство. Ова го објави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на социјалната мрежата Икс, посочувајќи дека денешната одлука е клучен чекор напред на патот на БиХ кон ЕУ.

„Сега треба да продолжиме со напорната работа за Босна и Херцеговина да може стабилно да напредува, како што сака вашиот народ“,

напиша Мишел.

Лидерите на земјите-членки денеска во Брисел донесоа одлука за отворање на пристапните преговори со Босна и Херцеговина и ја повикаа Комисијата да подготви рамка за преговори.

„Надоврзувајќи се на препораките на Комисијата од 12 март 2024 година, Европскиот совет одлучи да ги отвори пристапните преговори со Босна и Херцеговина. Европскиот совет ја повикува Комисијата да подготви преговарачка рамка со цел да ја усвои во моментот кога се преземени сите релевантни чекори споменати во препораката на Комисијата од 12 октомври 2022 година“,

се вели во заклучоците на Европскиот совет.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ веднаш по усвојувањето на одлуката изјави дека неговиот предлог вклучува реченица да се покани Европската комисија да подготви преговарачка рамка која потоа ќе ја усвои Советот.

„Ова беше голем долгорочен политички напор, прво да се еманципира прашањето за Босна и Херцеговина и да се стави на агендата на ЕУ, потоа да се еманципира прашањето за еднаквите права на Хрватите како конститутивна нација и да се осигура дека сите важни, неопходни. Се преземаат институционални чекори и успеавме во тоа“,

рече Пленковиќ.

Пленковиќ се огласи и на социјалната мрежа Икс и и честиташе на претседавачката со Советот на министри на БиХ, Борјана Кришто.

„Успеавме, на Европскиот совет донесовме одлука за отворање на пристапните преговори со Босна и Херцеговина. Ова е историски ден за нашата соседна и пријателска Босна и Херцеговина! Срдечни честитки до Борјана Кристо за постигнатиот напредок. Ќе продолжиме да и помагаме на Босна и Херцеговина и да ги штитиме интересите на Хрватите како конститутивна нација“,

напиша Пленковиќ.

Честитки за Босна и Херцеговина упати и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

„Вашето место е во Европа. Денешната одлука е клучен чекор на вашиот пат кон ЕУ. Сега треба да продолжиме да работиме напорно за БиХ постојано да напредува како што сакаат вашите граѓани“,

напиша Мишел.

Пронајдете не на следниве мрежи: