Вашиот најдобар пријател за време на студените денови: Користете ја оваа состојка и заштитете ја вашата кожа

Витаминот Ц е состојка која доминира во производите за нега и освежување на кожата, со што стана незаменлив дел од козметичката рутина на жените ширум светот. Повеќето од врвните козметички брендови имаат дизајнирано препарати, серуми, креми и течности кои се потпираат на оваа моќна состојка, а со локална примена помагаат за зајакнување и зачувување на младешката и сјајна кожа.

Витаминот Ц е докажано дека помага во неутрализирање на слободните радикали во телото кои доведуваат до оксидативен стрес, го спречува предвременото стареење на кожата и ги одложува видливите знаци на биолошко стареење. Оксидативниот стрес прави кожата да изгледа сива и уморна, а витаминот Ц и помага да одржи младешки и свеж изглед.

Овој моќен антиоксиданс и состојка која е од витално значење за создавање на колаген ги регенерира клетките на кожата. Покрај тоа, го промовира градењето на имунитетот, бидејќи помага да се стимулира производството на бели крвни зрнца кои се одговорни за борба против инфекции.

Вашиот најдобар пријател за време на студените денови: Користете ја оваа состојка и заштитете ја вашата кожа

За време на постудените месеци, нашата кожа станува сува и помалку отпорна на надворешни услови, а освен тоа, на нашиот организам му недостигаат бројни минерали и витамини кои треба да ги компензираме на различни начини. Токму затоа витаминот Ц е многу важен дел од рутината за убавина, како и исхраната, поради што станува неопходен за борбата против есенските и зимските услови.

Витаминот Ц е состојка во многу намирници што можете да ги додадете во вашата исхрана. Некои од тие намирници се зелените, агрумите, пиперките, кивито, црните рибизли…

Пониските температури, дождот и ветерот се нормална појава во текот на есента и зимата, но тие имаат негативно влијание на нашата кожа. Затоа, заштитете ја кожата на лицето со додавање на производ или серум со витамин Ц во вашата рутина за убавина, бидејќи на овој начин можете да ги вратите оштетените клетки на кожата. Запомнете, витаминот Ц исто така може да обезбеди здрава регенерација на вашата кожа на лицето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.