Вајц денеска ќе го презентира нацрт-извештајот за напредокот на земјава пред Комитетот за надворешни работи на ЕП

Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, европратеникот Томас Вајц, пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент ќе го презентира нацрт-извештајот за напредокот на Македонија. Во него, меѓу другото наведува дека од суштинско значење за евроинтеграцијата на државата е сите политички актери, особено владата, да даваат опипливи резултати во клучните области, а во исто време Европската унија и нејзините држави-членки мора ги исполнат своите обврски.

Македонија моментно се наоѓа во тешка позиција бидејќи процесот на пристапување е сопрен. И покрај некои позитивни реформи, напредокот на реформската агенда на ЕУ, особено владеењето на правото, реформите во правосудството и борбата против корупцијата е недоволен, вели Вајц.

Известителот посочува дека не е постигнат напредок во однос на уставните измени поради загриженост за потенцијални дополнителни билатерални блокади или барања од Бугарија. Вајц смета дека е потребно и итно зголемување на политичката волја од двете страни за да се надмине овој ќор-сокак.
The post Вајц денеска ќе го презентира нацрт-извештајот за напредокот на земјава пред Комитетот за надворешни работи на ЕП appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: