Вајц: Уставните измени се непроменлив услов за членство на Македонија во ЕУ

Европратеникот и известувач за земјата во Европскиот парламент, Томас Вајц, вели дека уставните измени се непроменлив услов за членството на Македонија во ЕУ, објавува Телеграф Македонија.

„Уставните измени се непроменлив услов. Доколку овие критериуми и услови не се исполнат, нема да има напредок на патот кон членство. Имам многу јасна комуникација со Владата во Северна Македонија дека овој услов мора да се исполни и дека не е предмет на преговори“, рече Вајц.

Зборувајќи за проблемите на Македонија, европратеникот нагласи дека корупцијата е заеднички проблем за многу земји од ЕУ и надвор од ЕУ, во различен степен. Вајц нагласува дека таа им штети на интересите на граѓаните низ цела ЕУ, но верува дека сите треба да се обидеме да се бориме против корупцијата на секој можен начин.

„Уставните промени се услов за започнување вистински преговори за пристапување. Ова е услов поврзан со европското „acquis“, што е законодавството што секоја земја мора да го спроведе и почитува. Почитувањето на малцинствата и заедниците е фундаментален елемент за секоја земја што сака да стане членка на ЕУ. Во оваа смисла, ова е многу важна тема.“

„Гледам дека не се очекуваат избори во Македонија следната година. Мислам дека ова ни дава можност да видиме одреден напредок.Се надевам дека ќе видиме напредок бидејќи ова е основен услов и додека не се спроведат овие уставни измени, за жал не можеме да започнеме ефикасни преговори за пристапување. Ова е многу јасно. Ова се заклучоците на Советот и ова е дел од барањата што Северна Македонија мора да ги исполни“, рече Вајц во интервју за бугарскиот весник „БГНЕС“.
The post Вајц: Уставните измени се непроменлив услов за членство на Македонија во ЕУ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: