Вграден PDF читач на Google Chrome достапен и на Android

За да се разгледуваат PDF датотеки, веќе не е потребно да се инсталира специјална апликација. Многу од прелистувачите веќе имаат вграден читач, што е сосема доволно за брзо прегледување. Меѓутоа, оваа функција главно беше достапна на десктоп, но сега Google Chrome ја вклучи и во својата мобилна апликација. Со најновата верзија на Chrome за Android, оваа функционалност е достапна, па ако апликацијата не е ажурирана, потребно е да се направи ажурирање за да може да се користи. Според некои извори, оваа новина можеби ќе биде достапна само на Android 15, и тестирањето трае уште од минатата година. Сега, кога ќе се притисне на PDF документ на некоја веб-страница, наместо документот да се симне и да се избере со која апликација да се отвори, тој автоматски ќе се прикаже во Chrome. Слично на десктоп верзијата, можни се и измени на документот, не само преглед. Со допирање на иконата со пенкало, на располагање ќе биде додавање текст, подвлекување, избор на различни бои, бришење делови и слични активности.
The post Вграден PDF читач на Google Chrome достапен и на Android appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: