Веднаш соблечете ги мокрите костими за капење затоа што може да добиете некоја од овие непријатни инфекции

Сезоната за капење на море и во базените започна, а влажните подрачја се главен извор за бактерии, како во околината така и на вашето тело. Мокрите костими за капење се собирачи на штетни организми и причина за многубројни инфекции.
Носењето на мокри костими за капење може да предизвика инфекции и воспаление на бешиката. Гинекологот Алиса Двек тврди дека бактериите се развиваат на влажни и темни подрачја како што се костимите за капење или пак облеката за вежбање. Жените со послаб имунитет кои имаат дијабетес или пак користат одредени лекови и подолго носат мокри костими за капење побрзо можат да добијат инфекции.


Ова се три причини зошто никогаш не треба предолго да останете во мокри костими за капење:
Одлична комбинација за бактерии
Внатрешноста на костимите за капење е влажна и топла и создава идеално подрачје за бактерии. Материјалот на костимот за капење впива разни хемикалии и бактерии кои се наоѓаат во морето или базените. По влегувањето во вода, вашиот полов орган е во контакт со сите штетни материи кои се задржуваат во костимите за капење. Тоа го нарушува балансот на добрите бактерии во вагината и може да доведе штетните бактерии да влезат во уретрата и да предизвикаат разни заболувања како што се вагинитис и воспаление на уринарните патишта.
Причина за инфекции
Бидејќи бактериите успеваат на топли и влажни подрачја, мокрите костими за капење може да предизвикаат некоја одредена инфекција кај жените. Размножувањето на бактериите во мокрите костими за капење предизвикуваат зголемен број на бактерии во вагината кои се проследени со непријатни симптоми, како чешање, поголема чувствителност и друго.


Настанување оток и чешање
Седењето во мокри костими за капење може да предизвика инфекција, која освен гениталиите може да ги зафати и внатрешниот дел на задникот.
Симптомите кои можат да ви укажат на овој проблем се: чешање и оток на подрачјето на вагината и задникот и пукнатини на подрачјето на гениталиите, црвенило и излупена кожа.
Доколку имате некои од овие состојби на вашето тело тогаш најдобро е да го посетите вашиот гинеколог за да ви каже за која инфекција станува збор и веднаш да почнете со одредена терапија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.