Вежбајте со очите за да имате подобра меморија

Едноставна вежба за очите има неочекувано добар ефект во подобрување на меморијата, тврдат британски научници од Универзитетот во Манчестер.
Во експериментот научниците предложиле испитаниците да извршуваат едноставни вежби, поточно во текот на 30 секунди истовремено да ги движат зениците во две спротивни насоки.
Групата учесници која секојдневно ги правела овие вежби значително подобро запаметила нови зборови, слики и звуци кои и биле прикажани, за разлика од волонтерите која ја игнорирале “очната гимнастика”.
Според научниците истовремено движење на зениците ја зајакнува координацијата на двете хемисфери на мозокот и придонесува за активирање на мозочните зони кои се одговорни за меморијата.
Ендрју Паркер, раководител на истражувањето смета дека најголема ефикасност се постигнува при движење на зеницата од лево кон десно, наместо нагоре-надолу.
Според добиените резултати меморијата се подобрува за 10%, објави ВВС.Едноставна вежба за очите има неочекувано добар ефект во подобрување на меморијата, тврдат британски научници од Униве

Пронајдете не на следниве мрежи: