Припадниците на мисијата на КФОР денеска изведоа обука за контрола на немири во кампот Бондстил.
Како што се наведува во соопштението објавено на Фејсбук, обуката ја водат турски единици од Источната регионална команда на мисијата КФОР.
Кфор потсетува дека продолжува да го спроведува својот мандат – врз основа на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година – да обезбеди безбедна средина за сите заедници кои живеат на Косово и слобода на движење, во секое време и непристрасно.




