Велигденска плетенка

50 мл млако млеко
30 г свеж квасец
1 лажица шеќер
2-3 лажици брашно
600 г брашно
250 мл млако млеко
3 јајца (една жолчка се остава за премчкување)
100 г шеќер
1 ванилин шеќер
50 г суво грозје
рендана кора од 1 лимон
сечкани ореви, бадеми или друго јаткасто овошје
100 г растопен маргарин
1. Стасаниот квасец го ставаме во брашното, па ги додаваме јајцата, шеќерот и ванилата
2. Замесуваме меко тесто додавајќи го млекото
3. Го префрламе тестото на работна површина на која претходно сме разлиле 1/3 од растопениот маргарин
4. Го месиме тестото додека ја впие целата мрснотија
5. Истата постапка со маргаринот ја повторуваме уште 2 пати
6. Во претходно намрсена тава го ставаме тестото и го оставаме да стасува 1 час, покриено со кујнска крпа
7. Стасаното тесто го делиме на 3 дела , секој дел малку го растегнуваме по должина и ширина
8. Го наросуваме со сувото грозје , кората од лимон и оревите, и го размесуваме
9. Од трите дела плетеме плетенка и ја оставае да стасува 1 час
10. Ја премачкуваме плетенката со жолчка, малку масло и вода
11. Печеме 40 минути на 180 степени или додека зарумени

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.