Се ближат празниците и поради тоа можеби секогаш ни недостасуваат идеи за некои нови рецепти за да ја разубават празничната трпеза.
Овој Велигден израдувајте го семејството со традиционални слатки и нема да погрешите.
Полнети велигденски зајчиња се вкусно и идеално решение за да се засладите после ручекот, а истите се подготвуваат едноставно.
Состојки:
- 600 грама брашно;
- 200 милилитри јогурт;
- 200 милилитри млеко;
- 100 милилитри масло за јадење;
- Една лажица шеќер;
- Прашок за печиво;
- Квасец;
- Чоколадо или џем (во зависност што сакате повеќе);
- Жолчки за премачкување.
Подготовка:
Во млеко ставете го квасецот и шеќерот и помешајте ги со сите останати состојки за тесто. Тестото добро измесете го.
Од тестото направете три топчиња, најголемо, средно и најмало.
Најголемото нека биде прво, тоа ќе послужи како стомак за зајчето, средното нека ја претставува главата, а најмалото преполовете го и од него направете уши. Топчињата наполнете ги со чоколадо или џем.
Премачкајте ги со жолчки и ставете ги да се печат – 20 минути на 180 степени Целзиусови.