Велигден пречекан со празни цркви

Велигден пречекан со празни цркви.

„Христос Воскресе, Христос Воскресе, Христос Воскресе, Навистина Воскресе, Честит и вечен да ни е Велигден“, рече Господин, Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски.

Звукот на камбаните оддекна точно на полноќ. Ја обзнани радосната вест за воскресението Христово – симбол на победата над смртта.

Поради 85 часовниот полициски час и забраната за движење поради корона вирусот храмовите во Македонија останаа празни. Вакво нешто не се памети. Тие што живеат во близина на црквите излегоа на терасите да проследат процесијата.

Прочитајте го посланието на Митрополитот Петар

Велигденско послание на Митрополитот г.Петар

Архиепископот се помоли за сите, но и за заразените од КОРОНА ВИРУСОТ: „Од ова свето место и од овој спасоносен миг исполнети со воскресенска радост го благословуваме сиот наш верен народ. И болните и вработените во болниците. И учениците и студентите. И работниците и спортистите. И полицијата и војската и тие што се грижат и помагаат да се спречи и намали заразата. На сите им посакуваме што поскоро да се вратат на своите секојдневни обврски“.

Слична беше состојбата и во другите држави. Скоро секаде храмовите останаа празни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.