четврток, 12 ноември 2026
Најново

Велика Британија ја стави Северна Македонија на зелена листа држави на кои им се признаваат сертификатите за вакцинација

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска со нови протоколи за Ковид-19 со кои Република Македонија преминува во зелената листа на држави и територии на кои им се признаваат сертификатите за вакцинација.
Граѓаните на Република Северна Македонија кои патуваат во Велика Британија, и кои примиле вакцина во земјава, ќе се сметаат за целосно вакцинирани лица под следните услови: да поседуваат со себе сертификат за вакцина за да го докажат статусот на вакцинација; да имаат примено комплетна вакцина (2 дози) најмалку 14 дена пред да пристигнат во Велика Британија; да бидат вакцинирани со некоја од следниве вакцини: Оксфорд/АстраЗенека, Pfizer BioNTech, Модерна, Јансен; сертификатот за вакцинација како доказ да биде издаден од национален или државен орган за јавно здравје и да е на англиски, француски или шпански јазик.
На веб страницата на МНР може да ги следите најдетално и најновите информации за Ковид протоколи: https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1706/informacii-za-covid19
Останува непроменето дека, државјаните на Република Македонија за влез во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска (ОК) им е потребна важечка британска виза или дозвола за престој.

Поврзани вести