Велосипед што прочистува воздух на студенти од Машинскиот факултет во Скопје освои златни медали во Сеул

Изум на шестмина студенти од Машински факултет при УКИМ во Скопје освои два златни медала на 12. меѓународна изложба на иновации „KIWIE 2019“, што се одржа во Сеул, Јужна Кореја.
Пронајдокот наречен “Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“ е дело на студентите Ина Крстевска, Филип Попоски, Марко Насески, Мартин Спасовски, Игор Џамбаски и Александар Јанковиќ, заедно со вон. проф. д-р Иле Мирчески и дипломираниот машински инженер Тошко Ристов.
„Пронајдокот е награден со Златен медал од страна на меѓународната комисија составена од експерти во дадената област, Златен медал со диплома од страна на Асоцијацијата за промоција на пронајдоци и иновации од Индонезија и со диплома за најдобар пронајдок од страна на Центарот на жени иноватори на Узбекистан“, објави Машинскиот факултет во Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.