Венецуелците стојат по девет часа во ред за да се простат со Чавез

Желбата на илјадниците Венецуелци лично да се простат од Уго Чавез создаде огромни редици во близина на Воената академија во Каракас, каде што е изложен ковчегот со телото на починатиот претседател, пишуваат во четвртокот на латиноамериканските медиуми.

 
Луѓето стојат во редицата и по осум-девет часови за да му оддадат последна почит на „Ел Команданте”. Венецуелскиот министер за надворешни работи Елиас Хауа дури морал да им се извини на присутните странски државници во Академијата за непредвидените тешкотии што се создале во затворениот простор.
Цела ноќ автобуси пристигнуваат во Каракас со приврзаниците на Чавез, чијашто единствена цел е да се збогуваат со нивниот лидер. Луѓето се облечени во црвена „чавеската” боја и во боите на националното знаме на Венецуела (жолто-сино-црвено).
Во Венецуела, веќе од средата престојуваат претседателите на Аргентина, Боливија и Уругвај, а следните неколку часа се очекуваат да пристигнат и претседателите на Бразил, Иран, Мексико, Чиле, како и наследникот на шпанскиот престол – принцот Фелипе. Вкупно, на погребот во петок ќе присуствуваат 22 шефови на држави и 54 странски делегации.
Местото на церемонијата на државниот погреб сé уште не е утврдено. Некои приврзаници на Чавез сметаат дека тој заслужува да биде погребан на Националниот пантеон, покрај местото каде што почива пепелта на националниот херој на Венецуела, Симон Боливар „Ослободителот”. Како друга можна локација за вечното почивалиште на Чавез се споменува и неговиот роден град Сабанета, во сојузната држава Баринас.
Makфакс
Желбата на илјадниците Венецуелци лично да се простат од Уго Чавез создаде огромни редици во б

Пронајдете не на следниве мрежи: