Венец од лук околу вратот: Неверојатен моден детаљ на модната писта во Париз

Бела Хадид е една од најпознатите манекенки на денешницата, а откако на пистата проштетала со лук околу вратот, луѓето ќе ја засакаат уште повеќе.
На вчерашната модна ревија на Вивиен Вествуд во рамките на Модната недела во Париз, Хадид носела неколку модни комбинации кои ги воодушевиле апсолутно сите. Првата тоалета која ја “прошетала” била проѕирна во викторијански стил и сите биле воодушевени.
Меѓутоа, тоа што ги “соборило” бил модниот детаљ кој ја ставил креацијата во втор план.
Бела Хадид опуштениот стил, комбинацијата од широки панталони и кожен горен дел без ракави, го дополнила со ѓердан, односно со венец од лук.
Што и да сакал да порача дизајнерот со овој аксесоар, ние сме воодушевени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.