Верувај, сè е можно за оној кој верува!

“Тогаш се допре до очите нивни и рече: „Нека ви биде според верата ваша!” (Матеј 9,29)
Бог од нас сакаме да имаме верба во Него! Тој може да направи многу работи за нас. Тој во минатото го поделил Црвеното море, ги хранел со леб од Небото, војувал војни, но сепак човекот брзо заборава на Божјите чуда и често ја губи својата вера.
Неволјите, проблемите и искушенијата ни изгледаат големи колку џинови и забораваме дека Бог е поголем од нив. Бог е поголем од болеста со која се соочуваш, Бог е Лебот кој ти треба, Бог нема да те остави гол и бос. Тој знае за секој детал од твојот живот и има контрола над секоја ситуација. Најголем проблем е – веруваш ли во сето тоа? Тој се грижи и не те остава- дали ти Го остави? Дали ти Го заборави?
Кога бил на Земјата Исус, ги искрал учениците кои се исплашиле од бурата на морето со овие зборови : “Па им рече: „Што сте толку плашливи? Зар сè уште немате вера?” (Марко,4,40)
Заборавиле на Него и се што Тој направиле, сите Негови чуда и зборови.
Бог сака да покажеме вера во Него.
“И им рече: „Каде е верата ваша?” А тие се уплашија и се чудеа, велејќи си еден на друг: „Кој е Овој што и на ветровите и на водата им заповеда и Го слушаат?” (Лука 8,25)
Кога го имаме Бог, не треба да се плашиме од никој и ништо!!!
Се додека на Небото имаме кој да не штити, никој на Земјата не може да не уништи!
Имај вера! Се е можно за оној кој верува!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.