Вест нема срам: Раперот на своите вработени им покажувал експлицитни видеа од Ким Кардашијан, имал само една цел

Раперот Канје Вест не запира со скандали, дури и ако губи пари од спонзорипоради неговото однесување. Така тој повторно се најде во центарот на скандалот, откако беше откриено дека јавно покажа експлицитни слики и видеа од неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан.


Познатиот спортски бренд ја прекина соработката со раперот Канје Вест поради неговите антисемитски изјави, а сега поранешните вработени тврдат дека раперот на вработените им покажувал експлицитни слики и видеа од неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан како „тактика на заплашување“.

Вест нема срам: Раперот на своите вработени им покажувал експлицитни видеа од Ким Кардашијан, имал само една цел

Списанието „Ролинг Стоун“ објави дека вработен во креативниот тим рекол дека Вест му покажал експлицитна слика од Ким за време на интервју за работа во 2018 година.
-Мојата сопруга само ми го испрати ова, наводно му рекол раперот додека на својот телефон покажувал „многу провокативна и приватна слика од Ким Кардашијан“, пренесува „Пејџ Сикс“.
Најмалку уште еден поранешен вработен вели дека Канје Вест му покажал експлицитно видео од неговата поранешна сопруга, која поднесе барање за развод во 2021 година.

Вест е обвинет дека на вработените им ги прикажувал своите порно снимки.
„Чувствувам дека беше тактика да се скрши човек и да се воспостави непоколеблива лојалност кон себе, тестирајќи и уништувајќи ги човечките граници“, рече едно лице.
Вест и Ким Кардашијан се уште не се изјасниле за овој скандал, пишува „Page Six“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.