Невреме со силен ветер во текот на ноќта погоди делови од Босна и Херцеговина. Портокаловото предупредување од Федералната хидрометеоролошка служба се уште е во сила и ќе трае до недела.Тешко е погодена општината Кључ во Федерацијата Босна и Херцеговина , каде ветрот го урнал покривот на едно училиште.
Бурниот ветер го зафати и Жепче во централна Босна и целата општина синоќа остана без струја, а болницата исто така без голем дел од покривот.Невремето предизвика проблеми и во сообраќајот, возењето во тој период било речиси невозможно.
Едно видео од патиштата на Бихаќка особено ги загрижи сите граѓани. Возачот на шлепер се нашол во непријатна ситуација кога неговата приколка за малку ќе се превртела целосно.Имено, на видеото се гледа како од ударот на ветрот возачот на камионот едвај успева да го контролира возилото.
Дел од камионот за малку ќе се превртел, а возачот имал среќа да избегне да го преврти целото возило.
View this post on Instagram A post shared by Djole dog (@djole.dog)–
Секоја чест за реакцијата и умешноста, бидејќи оваа ситуација лесно можеше да биде трагична, стои во објавата на Инстаграм.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.