Вечера без грижа по вашата линија: Диетална и вкусна овошна салата

Благодарение на моно-незаситените масти кои ги содржи, авокадото помага во губењето на тежината давајќи дополнително чувство на ситост. Да не зборуваме за веќе познатите здравствени придобивки од оваа намирница.
Бананата пак, го подигнува расположението, исто како и јаготките, а портокалот има чудесни освежувачки моќи и дава енергија. Ликерот е одличен афродизијак.
Овошната салата со авокадо може да биде одлична замена за вечерно мени при секоја диета. А еве како да ја подготвите за две лица.
Потребни се – 3 портокали, 2 авокада, 2 банани, 300 грама јаготки, 2 лажици мед, 1 ќесичка ванилин шеќер, 1 чашка ликер од портокал, малку морско оревче.


Подготовка:
Излушете ги портокалите, исцедете ги и сечкајте ги на резанки. Варете го две минути медот, оревчето и ванилиниот шеќер, а потоа ставете ги да се изладат.
Авокадото исечете го на половина по должина, потоа издлабете го.
Излупете ги бананите, исечкајте ги на кругови и измешајте ги со авокадото и портокалот. Додадете ги измиените и исечканите на половина јаготки.
Измешајте го слаткиот сируп со ликерот и потоа прелијте ја овошната салата и наполнете ги издлабените половинки од авокадото.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.