А за персоналните решенија…Тука нема дилеми дека партиите ќе си ставаат свои луѓе свои партиски војници и генерали, Всушност па и за тоа се прават партии во Македонија , не за идеологија, не за народот , за реформи туку за лидерот и неговите верници да може да земат дел од власта и парите на граѓаните.
Вечерва по седницата на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат познати деталите од реконструкцијата на Владата. Премиерот Христијан Мицкоски вчера одби да одговори за кои имиња и ресори се работи упатувајќи дека денес по 20 часот јавноста ќе биде запознаена со деталите.
– Ние не сме разговарале за персонални решенија, за имиња. Принципиелно имаме договор околу ресорите. Во минатото кажав, додека не заврши седницата на Извршниот комитет на партијата, нема да коментирам ниту ресори, ниту имиња, рече Мицкоски во изјава дадена во Трубарево.
ВЛАДА: Има договор за ресорите, за персоналните решенија утре, а за директорите од септември
Иако официјално нема информации, сепак коалициските партнери веќе излегоа со податоци колку ресори ќе добијат со реконструкцијата. Така, според кажувањата на Вреди, тие ќе добијат шест министерства од кои три се нови – правда, култура и Министерството за односи меѓу заедниците, а ќе се откажат од здравството и социјалната политика.
Сали: Шест министерства добива Вреди
Од вториот коалициски партнер на Владата – ЗНАМ велат дека сите опции се на маса, без притоа да откријат детали. Сепак, јасно е дека ќе го изгубат ресорот правда со кој се уште раководи министерот Филков,а за возврат им е понудено министерското место во земјоделство.
И вицепремиерот и министер за односи со заедниците Иван Стоилковиќ преку објава на Фејсбук рече дека заминува од ова Министерство кое го остава во добра форма.
А за персоналните решенија…Тука нема дилеми дека партиите ќе си ставаат свои луѓе свои партиски војници и генерали, Всушност па и за тоа се прават партии во Македонија , не за идеологија, не за народот , за реформи туку за лидерот и неговите верници да може да земат дел од власта и парите на граѓаните.
Ќе видиме дали премиерот, а со толку смени и ротации ќе се сведе на мандатар, и дали ќе му се прегласува цела влада или само ресорни министри. Ќе видиме дали тој ќе се спротистави на некое партиско решение на ВЛЕН , или само ќе се гласа, затоа што и онака тој секој ден за се решава сам , а другите се само спотери и галамџии за неговите политики. Ама стига .Стига тој и на самит да отиде, и до Тиват за ЕУ и до Трубарево за градинка и на изјави за интервју на МТВ, другите нека земаат редовно плата.
The post Вечерва ќе се знае кој ќе замине, а кој ќе дојде во министерските фотелји appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



