Вечна благодарност : Полицаецот што ја спасил од пожар кога имала 5 години, и дошол на дипломската прослава

Во 1998 година, настанал пожар во една зграда. Полицаецот кој се нашол во близина на пожарот успеал да го земе 5-годишното девојче во раце, кое во тој момент не давало знаци на живот. Во задниот дел од полицискиот автомобил почнал да и дава вештачко дишење додека неговиот колега возел кон најблиската болница. Штом стигнале пред болницата девојчето почнало повторно да дише.
Во 2016 година истиот полицаец бил поканет на свеченоста по повод нејзиното дипломирање. Дипломирала со највисоки оценки, а на спасителот ќе му биде вечно благодарна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.