Со оглед на тоа што во тек е ширењето на зараза со омикрон варијантата, но и сезона на грип и настинки, на сите страни слушаме како да се заштитиме од заразување и како да го подобриме имунитетот.
Многу е важно да пиеме вода, повеќе да одмараме и користиме витамини, но едно прашање ги мачи многумина – дали треба да се капеме кога сме болни?
Ако ги прашате повозрасните, обично советуваат дека не треба да се капеме кога сме болни и имаме температура, бидејќи така ќе ја влошиме состојбата. Со ова мислење не се сложуваат некои лекари кои сметаат дека туширањето е неопходно за да се отстранат бактериите од површината на кожата, исфрлени преку потта.
Што е вистината, дали треба да се капеме кога сме болни или подобро е да почекаме температурата да падне?
Додека имате висока температура не се препорачува капење бидејќи на тој начин се зголемува оптоварувањето на срцето и на крвните садови. Ако пациентот чувствува грозница, тогаш ќе се капе со што потопла вода, а тоа ќе ги прошири крвните садови, ќе го забрза протокот на крв и ќе го зголеми отчукувањето на срцето.
Тоа никако не е пожелно за човек кој е болен бидејќи може да доведе до мозочен удар или скок на притисокот.
Капењето со студена вода, која пациентите понекогаш ја применуваат за да ја намалат температурата, може да има спротивен ефект. Крвните садови во контакт со студената вода ќе почнат да се собираат и нема да можат да ја емитуваат топлината што ја произведува телото. Како резултат, температурата на внатрешните органи ќе порасне.
Што е со капењето во када?
Долгиот престој во када ќе ги навлажни дишните патишта. Во тој момент, исушената слуз ќе омекне и почне да се исфрла од респираторниот систем низ кашлица и растечен нос. Ако човекот не се ослободи од слузта, акумулираниот секрет во назалните канали може да се развие во воспаление на средното уво.
Но, овие препораки се однесуваат првенствено на капење во када, долго седење во вода. Кога болеста е проследена со интензивно потење, тоа значи дека во порите на телото секогаш има доста биолошки материјал за размножување бактерии. Затоа е важно повремено да се туширате.
Пред да го направите тоа, докторите советуваат да користите капки за нос, во комбинација со топла вода ќе ја разбијат исушената слуз. Капењето не треба да биде подолго од 15 минути, а водата треба да биде слична телесната температура.
Ако премногу се потите, често менувајте ја облеката бидејќи е многу важно во текот на болеста телото да биде суво, па неопходно е да ги сушите косата како и ушите.