Вештачката интелигенција ќе ги забавува вашите миленици…

“Felik” е уред кој што користи бројни сензори и вештачка интелигенција за да ги забавува домашните миленици.
Сопствениците често се загрижени околу тоа што може да направат нивните миленичиња додека ги имаат оставено сами дома, па поради тоа, од малиот американски стартап “Angry Lychee” одлучија да го решат проблемот со еден уред.


Уредот “Felik” е опремен со камера, сензори и ласер, а главна задача му е да следи што прави домашниот миленик кога е сам, а потоа да го забавува. Тоа не би било ништо посебно доколку “Felik” не користи вештачка интелигенција која што се грижи секогаш да биде „еден чекор пред животното“.

“Felik” така со камерите ја прегледува собата, го идентификува животното и потоа го вклучува ласерот кој што миленичето најчесто ќе се обидува да го улови. Камерата го следи движењето на животното, па ласерот се поместува неколку секунди пред тоа да стигне до „црвената точка на подот“.
Покрај тоа, сопствениците ќе можат преку камерата да следат што прави нивното домашно милениче, а исто така ќе може да си поиграат со него употребувајќи го ласерот.
Инаку, овој уред е успешно финансиран на “Indiegogo” платформата, а првите примероци ќе бидат пуштени во продажба ширум светот на пролет идната година. Како функционира уредот, можете да погледнете на видеото подолу.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.