Веќе имало успешно бегство од Идризово преку ископан тунел: Избеганите не биле пронајдени никогаш!

Група затвореници во скопскиот затвор „Идризово“ се спречени да избегаат низ ископан тунел, откри и соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, група од најмалку осум затвореници, осудени за тешки кривични дела, од 10 години до доживотен затвор, имале намера да избегаат од најголемиот македонски затвор преку тунелот.

Веќе имало успешно бегство од Идризово преку ископан тунел: Избеганите не биле пронајдени никогаш!

Се прецизира дека МВР по добиени криминални сознанија дека група од најмалку осум осуденици се подготвувала за бегство од затворот Идризово, извршила криминално-оперативни активности и проверка и информациите и резултатите ги доставила до Управата за извршување санкции. Управата, се наведува, го проверила местото посочено како потенцијален тунел и нашла „ископан тунел долг околу 40 метри“.

Поранешниот разузнавач Александар Диневски, на својот Фејсбук профил напиша дека обидот за бегство од Идризово преку ископан тунел не е нов изум.

– Ваков успешен обид имало пред половина век кога група затвореници доброволно ангажирани во драмската секција во затворот, ископале тунел кој почнувал под бината во салата во која вежбале драма и излеголе надвор преку високите ѕидини на затворот.

Избеганите робијаши никогаш не биле пронајдени!, напиша Диневски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.