Веќе 16 жртви во урнатата зграда во Русија

Локалните власти од рускиот град Магнитогорск денес соопштија дека бројот на загинати во експлозијата на гас во станбена зграда се искачи на 16 луѓе. Од под урнатините на зградата се извлечени шеснаесет тела, а спасувачите и натаму трагаат по евентуални преживеани. Вчера беше пронајдено живо шестмесечно бебе откако минало 35 часа на поларен студ под урнатините на зградата
Во експлозија на гас во станбена зграда во центарот на Магнитогорск, во руската област Чељабинск, на околу 1700 километри источно од Москва, што се случи вчера, се урна дел од зградата од 10 ката.
Зградата е изградена во времето на поранешниот Советски сојуз, а руските безбедносни служби потврдија дека причина за несреќата е истекување на гас. Од експлозијата оштетени или уништени се 48 станови, а властите предупредуваат дека може да се урне и остатокот од зградата, па затоа е наредена евакуација.

 

.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.