Штипјани викаат „жалче ме фаќа“ кога гледам како го браните ова дивеење на Африм Гаши, можам да заклучам дека демохристијанскиот конзервативизам, стана влекач на антимакедонскиот бализам. Работата спикер е работа 24/7, тој нема работа па да си оди дома слободен и се што прави надвор од работа е основ за интерпелација.
Се сомневам дека се казнети сите во овие случаи, врана на врана очи не води, обвинителот ќе го стави во фиока и вие ќе мавтате тука дека е казнет. Самиот Гаши призна дека дал наредба да оди обезбедувањето на аеродромот, а вие не го знаете законот за Собрание, вели претседателот на Левица, Димитар Апасиев на денешната седница за интерпелација на Африм Гаши.