Со негласањето на уставните измени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ се факторизираше во очите на странците, вели во денешното гостување во Тешки муабети аналитичарот Благојче Атанасовски.
– Сите анализи одат во таа насока, дури и условеното прифаќање на премиерот за одржување на споени избори на осми мај, коешто сѐ уште не е прифатено, меѓутоа ставот на премиерот во изминатите неколку месеци беше дека СДСМ ќе оди на редовни парламентарни и редовни претседателски избори одвоени и наеднаш ја смени таа своја политика, прифаќајќи го, условно кажано, ставот на ВМРО-ДПМНЕ за споени избори, тие бараа предвремени, но ќе излезат на осми мај.
- Возач на камион од Македонија удрил во ограда на автопат и изгорел во кабината
- Алехандра Силва емотивно му ја честита осмата годишнина од бракот на Ричард Гир: Нашата љубовна приказна продолжува
- Што се случува со вашето тело кога земате ашваганда
- Зелен хуман град бара затворање на сите зоолошки во Македонија
- Најдеталниот хороскоп за мај 2026 година: Еве што ве очекува на полето на љубовта и финансиите, многумина го чекаа ова
Што е поентата, зошто премиерот отстапува и оди во таа насока? Веројатно тоа не е одлука на премиерот, туку е одлука на американската амбасада кај нас, алудирам на тоа вие што го велите во Вашето прашање дека во очите на странците ВМРО-ДПМНЕ е веќе прифатена како тотално некооперативна партија, со која не може да се разговара за понатамошни чекори за европската интеграција на Македонија и дека самите странци и покрај противењето на ДУИ и Алијанса за Албанците дали е политички исправно да се оди во коалиција со СДСМ, таа предизборна коалиција ќе биде проект на странците, читај Американците, токму во оваа насока за да обезбеди широк фронт и да се спречи доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ на власт бидејќи не е кооперативна, истакна Атанасовски.
Целата емисија следете ја во живо во продолжение:
Пронајдете не на следниве мрежи:



