Герасимовски од џебот на центарци платил 6,6 милиони денари за мобилна апликација за која добиле само една понуда на тендерот, изјави Лазар Банов, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Центар.
„Мобилната апликација која Герасимовски ја нарачал, очигледно веќе претходно договорена со добитниците на јавната набавка, центарци ќе ги чини годишно 6,6 милиони денари. Оттука, логично е дека во следните 3 години, наместо нови паркови, чисти улици, реконструкција на училишта и градинки, центарци ќе платат близу 20 милиони денари, за мобилна апликација која Герасимовски ја прави, само за да ги удоволи бизнис интересите на СДС“, рече тој.
Банов упати прашање до Герасимовски и СДС, дали тие сметаат дека е оправдано набавката со проценета вредност од 6,6 милиони денари да заврши со само една понуда, без реална конкуренција?
„И второ, што граѓаните добиваат за 100 илјади евра годишно дадени за мобилна апликација? Да се потсетат на нереализираните проекти кои Герасимовски ги ветуваше? Или пак да имаат увид во тоа колку набавки и тендери Герасимовски ќе склучи во интерес на СДС? Јавните пари не се ничии туѓи пари. Тоа се парите на граѓаните. И за секој потрошен денар мора да има јавно оправдување“, рече Банов.
The post (Видео) Банов: Герасимовски од џебот на центарци платил 6,6 милиони денари за мобилна апликација за која добиле само една понуда на тендерот appeared first on Во Центар.



