Американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот се сретна со вдовицата и ќерката на починатиот руски опозиционер Алексеј Навални.Сепак, тој во изјава за медиумите Јулија, ја нарече Јоланда.„Но, едно ми е јасно дека Јоланда ќе ја продолжи борбата што ја водеше. Затоа не се откажуваме“, рече тој и многу брзо го напушти местото без да одговори на прашањата на новинарите.Белата куќа не коментираше за мешањето на името, ниту пак официјалните лица оспорија дека Бајден направил грешка. Срамниот гаф е снимен во официјалниот транскрипт објавен во петокот наутро.
Пронајдете не на следниве мрежи:



