четврток, 12 ноември 2026
Најново

(ВИДЕО) Верижен судир на повеќе од сто автомобили на автопат во Кина

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во судирот три лица се повредени и хоспитализирани, додека шест се здобиле со помали гребаници, информира сообраќајната полиција од градот Сужоу

Во верижен судир на повеќе од 100 автомобили во Кина повредени се неколку лица. Судирот се случил на заледен дел од автопат во кинескиот град Сужоу, пренесува Ројтерс.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во судирот три лица се повредени и хоспитализирани, додека шест се здобиле со помали гребаници, информира сообраќајната полиција од градот Сужоу на својот профил на социјалните мрежи.

Од полицијата додаваат дека сообраќајот на автопатот е нормализиран и оти се истражуваат причините за несреќата.

Во текот на изминатите неколку недели големи делови од Кина беа погодени од студени бранови, виулици и замрзнат дожд, што влијаеше на транспортот додека милиони луѓе патуваат дома за да ја прослават лунарната Нова година.

Оваа недела кинеската влада ги зголеми напорите да го намали бројот на несреќи предизвикани од ниските температури и започна неколку планови за обезбедување на протокот на транспорт, снабдување и безбедност на снабдувањето со електрична енергија во провинциите и градовите, вклучувајќи ги Пекинг, Хебеи, Шанкси, Анхуи и Хубеи, објави новинската агенција Синхуа.

– Реклама –

Поврзани вести