Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар, на литургија во Тузла на српски јазик и низ солзи порача дека „повеќе сочувствува со тамошните, отколку со своите верници (македонските верници)“.
– „Денес на дело докажавме дека љубовта меѓу нас е тука. Денеска повеќе се чувствувам со вас отколку со моите верници. Ова нешто се чувствува длабоко, не со зборови, на лицата, на душите“.
Македонскиот владика даде и дека: „Никогаш не сум ги прекинал врските со СПЦ. Целата моја младост ја поминав во Србија, вклучително и како студент на Богословскиот факултет во Белград“.