Украинскиот врховен командант Олександр Сирски тврди дека украинските сили сега имаат целосна контрола врз важниот руски пограничен град Суџа.
Во видеото објавено на Телеграм, се гледа како Сирски му кажува на украинскиот претседател Зеленски дека украинските сили сега „ја завршиле операцијата за пребарување и уништување на руските сили во Суџа“, важен логистички и енергетски центар во рускиот регион Курск.
Оваа информација сè уште не е независно потврдена, но претходно денеска екипа на украинската телевизија во градот Суџа снимила украински војници како го отстрануваат руското знаме од локалното училиште и извикуваат „Слава на Украина“.