Во основното училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел, Скопје, биле забележани глувци и во внатрешноста на училиштето, за што се пожалија родителите на учениците, кои велат дека нема повеќе да ги испраќаат своите деца на училиште.
Родителите се жалат и на општа нехигиена, особено во тоалетите.
На видеото кое го објави ТВ21 може да се види како глувците шетаат во школскиот двор а децата поминуваат покрај нив.