четврток, 12 ноември 2026
Најново

Почнаа преговорите меѓу Путин и Виткоф: пратеникот на Трамп го чекаше рускиот претседател во Кремљ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Рускиот претседател Владимир Путин во моментов разговара со специјалниот пратеник на американскиот претседател Стив Виткоф, потврди портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.„Рускиот претседател Владимир Путин го прими во Кремљ пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф“, рече Песков.Во преговорите учествуваат и претседателскиот советник Јуриј Ушаков и првиот човек на рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев.Да потсетиме, авионот од Соединетите Американски Држави пристигна во Москва во петокот наутро. Според податоците на Flightradar24, Bombardier Global 7500 полетал од Флорида и ја преминал руската граница околу 09:40 часот по московско време. Набргу потоа беше пријавено дека приватен авион слетал на аеродромот Внуково-2, по што конвојот во придружба на полицијата се упатил кон главниот град.Последната средба меѓу Путин и американскиот претставник се одржа на 11 април во Санкт Петербург и траеше околу четири и пол часа.Според советникот на претседателот Ушаков, главно се разговарало за ситуацијата во Украина, но биле допрени и други политички и економски прашања.

Поврзани вести