Од први септември поскапуваат некои нотарски услуги. Откако предлогот со новите цени изготвен од нотарската комора и бил доставен на владата во заминување, истиот добил позитивен одговор а одлуката ја потпишал поранешниот министер за правда Кренар Лога.
Најмалата цена што ќе треба да ја плати граѓанинот за составување на нотарски акт изнесува 8000 денари, што е за десет пати повеќе споредбено со досегашната која изнесуваше 800 денари. Услугите што досега чинеа 400 денари сега се покачени на 1300 денари или трикратно.
Граѓаните револтирани и незадоволни од зголемувањето на цената на нотарските услуги, дел од нив велат дека тоа е премногу и не би требало да се толку високи.
„Гледаме дека е скапо а не би требало да биде толку скапо“
„Би реколк дека тоа нешто е премногу, народот нема пари не би требало да биде тоа толку скапо.“
„Све иде у ваздух нема што да збориме, се е познато и коментар не се дава.“
„Лошо мислење со оваа сиромаштија ништо не бива“
Од министерството за правда велат дека во тек е анализа на состојбите на што се должи покачувањето на нотарските тарифи.Не се исклучува превземање соодветни мерки.
„Mинистерот за правда Игор Филков е во процес на анализа на состојбите кои довеле до донесените измени на нотарската тарифа во јуни 2024 година по што ќе се преземат соодветни мерки за евентуални измени на донесената тарифа согласно согледувањата а имајќи ги предвид реакциите во јавноста и интересите на граѓаните на Република Северна Македонија.“ – велат од министерството за правда.
Ова последно покачување на нотарските услуги, кое е објавено и во Службен весник, треба да важи од први септември, ако во меѓувреме новата влада не ја промени одлуката.
Извор: Телевизија 24