(Видео) Десетици моторџии кружат околу српското Собрание, огромна колона се движи кон зградата!

Голем протестен собир под слоганот „15 за 15“ се одржува денеска во Белград на покана на студентите во блокада, кои бараат одговорност за падот на настрешницата во Нови Сад и за смртта на петнаесет лица.

Белграѓани синоќа ги пречекаа учениците кои учествуваа на повеќедневниот маратон „Марш за Србија“. Најавено е дека протестот ќе започне во 16:00 часот пред Домот на Народното собрание. Пред тоа ќе се организираат собири на повеќе локации во градот, од каде што ќе се пешачат до парламентот. И владините претставници и студентите повикуваат на мирен протест.

РТС објави видео од моторџии кои кружат околу Собранието.

ЛИНК од видеото

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.