Истражни дејствија во тек за пожарот во Кочани

Поради потребата од поголем ангажман во истрагата за пожарот во дискотеката во Кочани, дел од кој се спроведува од Основното јавно обвинителство Штип, тимот на обвинители е проширен со вклучување на уште еден, шести јавен обвинител од штипското обвинителство, известија од Јавното обвинителство.

Утрово, во изјава за медиумите, јавниот обвинител Љупчо Коцевски, заедно со тимот на петмина обвинители во Кочани, изјави дека според првичните сознанија, најверојатно пиротехничките средства го предизвикале пожарот. И покрај тоа, нагласи дека нема да дава дополнителни изјави бидејќи увидот на местото е во тек. На терен, три јавни обвинители го изведуваат увидот и собираат сите потребни докази.

14 српски лекари доаѓаат во Македонија, дел од повредените ќе бидат пренесени во Ниш – Сочувство од патријархот Порфириј

– Гарантирам дека истрагата ќе биде целосна и брза. Ќе вклучиме вештаци од сите релевантни области за да се утврдат причините и одговорноста, изјави Коцевски. Коцевски не прецизираше колку лица се приведени, истакнувајќи дека ќе биде информирано за тоа во текот на денот.

– Откако Јавното обвинителство беше информирано, составивме тим од пет јавни обвинители, со учество на двајца од ОЈО Скопје, еден од ОЈО Штип и двајца од ОЈО Кочани. Некои од обвинителите се на терен, додека други издаваат наредби за процесни дејства, додаде обвинителот. Коцевски изрази сочувство до семејствата на загинатите, до жителите на Кочани и до целиот македонски народ.

– Ова е голема трагедија, сподели тој. Според последните податоци, во пожарот настрадале 59 лица, додека 155 се повредени. Меѓу настраданите се претежно млади лица, вклучувајќи и малолетници.

Пронајдете не на следниве мрежи: