Малкумина веројатно паметат дека токму градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу кого Арсовска го обвинува за криминал тежок приближно милијарда евра беше главниот преговарач на Влен со ВМРО-ДПМНЕ.
На видеото се гледаат четворица мускетари секој еден од нив е повереник на по еден од тогашните лидери од Влен, а Висар Ганиу е лично на Изет Меџити.
Ова е клучната причина зошто Христијан Мицкоски не прави ништо за да го изведе Ганиу пред лицето на правдата.
Изет Меџити му е еден од најлојалните партнери во Владата затоа што се браќа по кеш и ништо друго не ги интересира ни двајцата.
На видеото можете да ги видите како лично влегуваат во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.
Отиде ли Висар Ганиу, отиде и коалицијата, отиде и власта, отидоа и фотелјите како и онаа премиерска на Христијан Мицкоски.
Затоа молчи Панче, затоа молчи Христијан, затоа молчи цела Влада. Затоа молчат оние кои ги продадоа боите свети за парите клети.



