Во експлозија во фабрика за автоделови во централна Јапонија едно лице загина, а две се повредени, јавуваат јапонските медиуми.
Противпожарната служба добила итен повик и била известена дека „експлодирал колектор за отпад и прашина“ и „се откорнал покривот“.
Експлозијата, чија причина е непозната, се случила во фабрика во сопственост на Chuo Spring Co., подружница на производителот на возила „тојота“, во централниот дел на архипелагот.
Пожарникарите сè уште се обидуваат да го стават под контрола пожарот кој избувна по експлозијата, јавуваат локалните медиуми.



