Еден јужноафрикански зоолог извел неверојатно пренесување на 27 возрасни лавови од еден резерват во друг, користејќи само едно комбе.
За само неколку месеци сите лавови се сместени во новото опкружување во Преторија, а единствениот кој претрпел трауми поради селидбата било семејното куче.
Нарекувајќи се себе си „шепкач на лавовите“, зоологот Кевин Ричардсон е пионер во новиот начин на комуникација со најголемите африкански предатори и тоа на начин кој буди неверување и воодушевување.
Откако неговите лавови ги преместил и самиот станал привремен член на нивната глутница, сега без страв од повреди со нив се бори, се милува и се дружи. За 15 години работа имал само мали гребаници.
„ И покрај сите верувања , лавовите се неразумни ловци на луѓе“, вели Ричардсон додека се одмара под сенката во резерватот на северот на Преторија.
„Тие се всушност многу толерантни кон луѓето, доколку ги почитувате. Развив длабок однос со моите лавови во текот на овие 15 и пол години, а тој се заснова на взаемно почитување“, додава Ричардсон.
Тој тврди дека лично ги познава лавовите и разбира што ги прави среќни, а што тажни и нервозни.
„Открив дека сите лавови имаат способност да покажат приврзеност. Како и одгледување на дете , најдобрата врска се гради кога се многу мали. Ги запознав Тау и Наполеон кога имаа само шест месеци и развивме многу близок однос“, вели овој неверојатен човек.
Тие два лава овој јуни ќе наполнат 16 години, а ако останале во дивината, најверојатно ќе беа убиени од ловокрадците.Еден јужноафрикански зоолог извел неверојатно пренесување на 27 возрасни лавови од еден резерват во друг, користејќи с