(Видео) Ибраимоски: Ќе барам посебни седници за злоупотребите на извршителите во Собранието, затоа заокружете број 3

Како пратеник ќе барам посебни седници на Собранието за извршителите кои не го почитуваат Законот за извршување и ја злоупотребиле својата службена положба, истакна во гостување во „Тешки муабети“ лидерот на ПЦЕР и носител на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во ИЕ 5, Самка Ибраимоски.

– Ова што го прават извшрителите не е нормално, над 100.000 луѓе годишно умираат заради нив, од стресови, самоубиства и слично. Има страшни случаи, на човек за 150.000 денари му ја земаат куќата, ја злоупотребуваат службената положба и овластување. Јас имам поднесено кривична пријава со докази, за извршител, со месеци никој не покренува ништо, вели Ибраимоски кој додаде:

– Нека нѐ гласаат граѓаните, да видат како се бори во Собранието. Ќе барам посебни седници за извршителите, јас и Ана Глигорова имаме докази, ќе бараме таму да присуствуваат и МВР и економски и стопански криминал, истакна Ибраимоски.

Тој претстави и дел од програмата во делот на социјалната политика, меѓу кои и повисока социјална помош и можност за откупување на одреден временски период од стаж кој им недостига на граѓаните за да остварат право на пензија.

Пронајдете не на следниве мрежи: