четврток, 12 ноември 2026
Најново

ВИДЕО | Како изгледа еден од „најлудите“ станови во Токио: 1.000 долари за стаклен балкон

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Јутјуберот Норм Накамура на своите профили на социјалните мрежи сподели како изгледа најлудиот стан во Токио, кој всушност е стаклен балкон.

На самиот почеток на едно од видеата тој рече дека тоа е еден од најлудите станови што ги видел во Токио, кој исто така е скап со оглед на тоа што добивате за парите.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Се чини дека околниот простор околу тесните и прилично клаустрофобни скали е всушност застаклен и тој простор на балконот се издава за 1.000 долари месечно по кат.

@tokyolens 45 Seconds in Tokyos CRAZIEST TINY APARTMENT #tiny #tinyapartment #microapartment #tinyliving #japaneseapartment #tokyoapartment #japan #japanapartment #tinyhouse #tinyhome #tokyolens #tiniest ♬ original sound – TokyoLens – TokyoLens

Накамура покажа дека станот (ако може така да се нарече) има WC школка, на еден од ѕидовите е поставен мијалник и електричен панел, а одоздола има клима.

Надворешните ѕидови на станот се изработени од стакло, а можно е и спуштање на ролетните за да се добие приватност во делот што го претставува тоалетот, каде што се наоѓа кадата.

Исто така, нема друг мебел и самиот Норм се чудел како некој може да спие таму. Тој измери и дека е само 90 сантиметри од ѕид до ѕид (т.е. прозорец).

Има и машина за перење, а приклучоците се на подот.

Поврзани вести