ВИДЕО КАКО ЈАПОНЦИ ОДАТ НА РАБОТА НАУТРО ГО СРУШИ ИНТЕРНЕТОТ: „Ќе паднам во депресија од ова“

Последниве денови на социјалните мрежи кружи несекојдневно видео од Јапонија кое сведочи колку оваа нација се разликува од остатокот од светот и дека дефинитивно се свој универзум. На видеото е прикажано обично утро на станицата на јапонското метро, ​​а објавено е на бројни страници, собирајќи милиони и милиони прегледи, но и бурни реакции од корисниците.Што е тоа што ги збуни луѓето околу ова видео? Имено, наместо вообичаената гужва, како што обично се случува во големите градови, на станицата владее неверојатен ред и мир.Во видеото гледаме голем број Јапонци, од различни возрасти, кои одат на работа, сите облечени повеќе или помалку во темна облека, никој не зборува со никого, дури ни користи мобилен телефон, не гледа назад или не прави никакви гестови. Тие едноставно одат право и се движат напред кон својата цел. Па, тоа е Јапонија , дисциплина пред се друго! View this post on Instagram A post shared by EarthPix 🌎 Travel (@earthpix)Звукот на снимката е уште пофасцинантен – буквално не можете да слушнете ништо освен чекорите на минувачите. Коментаторите на социјалните мрежи беа вчудоневидени од тишината и дисциплината, а многумина целата сцена ја сметаа за малку застрашувачка и ги потсетија на дистописки филмови.„Како роботи“, „Мислам дека сум во депресија само што го гледам ова“, „Го мразам ова во име на сите нас. Ова не е живот. Ова не е како да се живее“, „Матрикс“, „Го наоѓам ова морничаво, колку и да ја разбирам самата позадина и менталитет“, „Марш на депресија“, „Многу, многу тажно кога ќе размислиш“, „Најморничавото нешто што го видов денес“, се само неколку во морето од слични коментари.Од друга страна, познавачите на јапонската култура тврдат дека ова е сосема нормална глетка, имајќи предвид дека во Јапонија прегласното зборување и вознемирувањето на другите патници во јавниот превоз се смета за крајно непристојно.

Пронајдете не на следниве мрежи: