(Видео) Костарика: Фатена мачка што шверцува дрога во затвор

Чуварите на затворот Поцуки во Костарика фатиле мачка која на себе имала два пакети дрога.

Мачката на телото носела повеќе од 235 грама марихуана, 68 грама крек и одредено количество ризли, објави локалното министерствто за правосудство.

Дрогата е запленета, а животното, кое на социјалните мрежи е наречено Наркомичи, односно, Нарко-мачка, е предадено на Националната служба за здравје на животните.

Поради овој инцидент е покрената истрага со која се обидува да се открие како животното завршило со дрогата и кој е одговорен за обидот за достава.

ЛИНК од видеото

Пронајдете не на следниве мрежи: