Црвените на Арне Слот доминантно ја освоија титулата во Премиерлигата, а таа овојпат на вистински начин ќе биде прославена за разлика од претходната која беше во време на короната.
На Ливерпул му беше потребен само бод против Тотнем за да ја завери титулата, но тие немаа милост кон противникот, го победија со 5-1.
Мечот почна лошо за црвените кога Соланке уште во 12. минута донесе водство за Тотнем, но работите брзо се сменија, само четири минути подоцна Диаз израмни на 1-1.
Во 24. минута Мекалистер погоди за комплетен предност и водство на Ливерпул од 2-1, а десет минути подоцна Гакпо реализираше за 3-1.
Салах во 63. минута погоди за 4-1, а конечните 5-1 беа поставени шест минути подоцна кога Удоги си даде автогол.
Повеќе тука
The post Видео: Ливерпул по 20. пат е шампион на Англија appeared first on 365.mk.