Маж по потекло од Србија е уапсен поради учество во брутална тепачка во популарното грчко летувалиште Закинтос. Како што јавија српските медиуми, инцидентот се случил во ноќен клуб во областа Лаганас на островот Закинтос.
Имено, последниве неколку часа на социјалните мрежи кружи шокантно видео на кое се гледа како британски турист брутално е претепан од четворица обезбедувачи во ноќен клуб.
На видеото може да се видат тројца вработени како обезбедување како го држат Британецот, додека четвртиот го удира по телото.
Човекот постојано се обидувал да се отргне, а на крајот успеал, па пријателите го извадиле од ноќниот клуб, додека обезбедувањето ги следело.
CHERRY BAY ZANTE BOUNCERS!
— lennyavison (@lennyavison) July 9, 2023
EVERYONE BE WARNED AND SHARE!
These grown men need to be held accountable for this abuse…@BBCNews @BBCBreaking @TheSun @guardian @thetimes @DailyMirror @MailOnline pic.twitter.com/470molmZvH
Инцидентот се случил минатиот петок, а како што објави телевизијата ЕRТ, млад човек со британско потекло идентификувал само еден од мажите кои го претепале, за кој се вели дека има српско потекло.
Маж од Србија бил уапсен и сослушан кај обвинител, по што ќе следи редовна судска постапка.
Клупските работници тврдат дека пред тепачката, британски турист удрил 19-годишна девојка и ја нападнал со шише, поради што интервенирале. За да го докажат своето тврдење тие на социјалните мрежи објавија и фотографии од тешко претепаното девојче.
Пронајдете не на следниве мрежи: